Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НОВ ХОРОР ВО ИТАЛИЈА: Рекорден број на починати и новозаболени, а болниците полни !

Во Италија во еден ден откриено е повеќе од 35 илјади новозаразени со корона и забележан трагичен рекорд на починати 580 во рок од 24 часа, пренесува Анса и потсетува дека од април, врвот на првиот талас на пандемија, немало толку жртви од корона вирус во еден ден.

Индикатор на набрзина на ширење на зараза спрема Рт последните денови е стабилен, иако се уште е висок и зависно од регион и се движи помеѓу 1,5 и 2, како што е случајот во Ломбардија.

Индикатор Рт се пресметува на база на 21 параметар кој ја покажува епидемиолошката состојба, а една зона се смета за сигурна од зараза кога РТ е под еден.

Италијанските медиуми ги пренесуваат зборовите на претседателот на Високиот институт за здравје (ВИЗ) Силвио Брусаферо, кој тврди дека заострените владини мерки кои се на сила од минатата недела ги даваа први резултати. По неговите зборови, клучно за стопирање на зараза е индивидуално однесување, односно придржување на основните мерки за заштита: држење физичка дистанца, одбегнување собирања и лична хигиена.

Дневниот лист Котидијано пишува дека брзо се полнат оделенија на интензивна нега каде што моментално има скоро 3.000 заразени пациенти.

Во репортажата за состојбата на ковид-болници ја опишува ситуацијата во северниот регион Ломбардија каде што во последните 24 час забележани се 11 илјади новозаболени. Директор на болница во градот Комо тврди дека се на граница на издржливост, а болниците се пред колапс.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...