16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве зашто Ерменија загуби, и кој е “предавникот”

Претседателот на Нагорно-Карабах, Араик Арутијан, ги повика граѓаните да не бараат предавници поради примирјето во таа област, и загубата на пет општини кои преминаа под контрола на Азарбејџан.

„Ќе ви кажам кои се предавниците: за прв пат на 3 октомври, кога непријателот ги нападна градовите Матагис и Талис, целиот северен сектор беше загрозен откако војниците во паника избегаа во областа Јегиникер, а немавме човечки ресурси за да ги задржиме нашите момци од вториот план“, рече тој и објави на Фејсбук.

Како што додаде, тогаш тој одлучил дека ќе оди лично на линијата на фронтот за со личен пример да се подигне храброста и одлучноста во редовите на војската на Нагорно Карабах.

Мене ми стана јасно дека дел од трупите биле во паника, не армијата на одбраната, ниту вооружените сили, туку оние кои се најблиску на фронтот – доброволците и други “, рече Артјунјан.

https://www.facebook.com/171436153553766/videos/715777212648321

Тој рече дека на денот кога требаше да замине на фронтот со специјалните единици, најсилните елитни единици на НСС кои од Ерменија дојдоа во Нагороно-Карабах, тие одбија да одат на фронтот.

“Ги прашав, ги молев, им реков дека ќе бидам пред сите, но тие не дојдоа и го оставија претседателот на земјата сам да оди на фронтот. Тоа го велам денес јавно затоа што сум принуден да ги прашам како и зошто го одбија моето барање”, рече тој.

Тој додаде дека му се придружила мала група и дека благодарение на неа, Гегиникер останал под контрола на Нагорно Карабах.

“Пред неколку дена, руски воен аналитичар процени дека ни требаат од 80 до 100 илјади луѓе или во спротивно ќе изгубиме. Не сакам да кажам колку луѓе се приклучија, ги напуштија групите или ги оставија сами 18-годишните момчиња на фронтот”, рече тој.

Прочита и два извештаи за тоа како двете дивизии напишале дека одбиваат да учествуваат во планираната воена операција.

“Тие дури и одбија да заземат позиција. Кој ја продаде земјата? Ние ја продадовме со целата нација, ги предадовме нашите војници, децата на возраст од 18 и 20 години”, заклучи тој.

Деновиве беше постигнат прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија, со што се стави крај на најголемите конфликти во регионот со децении.

Турција и Русија сепак задно ќе го следат прекинот на огнот

Турција и Русија денеска потпишаа договор за формирање на заеднички центар за координација на напорите за следење на примирјето во регионот Нагорно Карабах, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој рече дека Анкара исто така ќе учествува во мировните сили, но висок турски безбедносен извор изјави дека Турција ќе испрати набљудувачи, а не мировници, објави Ројтерс.

„Турција ќе учествува во заедничките мировни сили што ќе бидат формирани за да го следат примирјето заедно со Русија“, рече Ердоган.

Тој исто така посочи дека делегација на руската армија ќе дојде во Анкара.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести