12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Мицкоски и дефинитивно не оди на избори во Штип и Пласница

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување на вестите на Алфа телевизија, а во врска со изборите во Штип и Пласница, истакна дека Извршниот комитет на партијата одлучи да не му предложи на Централниот комитет кандидати за градоначалници за учество на локалните избори, затоа што ниедна политичка кариера, најмалку онаа на Заев и Бочварски не е поважна од здравјето на граѓаните.

-Имајќи ја во предвид оваа апокалиптична состојба со КОВИД-19 пандемијата, сето она што го гледаме е наше секојдневие, секојдневно броиме десетици луѓе кои го губат својот живот, броиме илјадници наши сограѓани кои на дневна основа се заразуваат, за нас претставува вистинска лудост оваа егзибиција на Зоран Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да ја легитимира, напротив треба да ја осудиме, затоа што свесното втурнување на човечките ѓивот во една апокалиптична ситуација, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека ниту една политичка кариера не е вредна за да еден човечки живот биде доведен во опасност или пак да биде загубен.

-Ние нема да ги легитимираме фотелјите на Зоран Заев и Бочварски на овие предвремени локални избори, истакна Мицкоски.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ се одлучил на ваков потег и покрај тоа што ситуацијата со вирусот е наспроти земање на уште еден мандат на локалнио ниво на власта, Мицкоски одговори дека е убеден дека овој потег на власта е погрешен, како и тоа дека погрешна е одлуката за Бочварски да биде поставен на важно место во министерството за транспорт и врски, бидејќи тоа што не го добија штипјани, не очекува да го добијат и останатите граѓани во Македонија.

-Ценам дека свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја подржува, ние се спротивставуваме на ваквите девијантни однесувања во политиката и ваквите би рекол „Монти Пајтон“  политичари и ја користам оваа прилика да апелирам на разум, затоа што ситуацијата со пандемијата е девастирачка и алармантна, а тоа го кажа и во оној страшен прес ресорниот министер, кога и покрај сите оние убедувања во минатото дека „блескаме“ дека ситуацијата е под контрола, а по нашите укажувања призна дека ситуацијата не само што не е по контрола, туку е надвор од контрола, вели Мицкоски.

Мицкоски критикуваше дека поради таквите политики на власта, граѓаните денес се изложени на една стихија поради неспособноста и незнаењето на Владата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести