12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Лицемерно! ВМРО-ДПМНЕ и денес ја критикува локалната власт во Штип, а предлага да и се продолжи мандатот

Христијан Мицкоски денес ја објави конечната одлука да не учествува на предвремените локални избори во Штип. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ оддржа нова прес-конференција на која повторно ги критикуваше локалните власти во Штип и побара оставка од директорот на ЈП Исар.

Ефтимов: СДСМ ги остави Штипјани без вода во ек на пандемија

Почитувани, 

Па вие едно јавно претпријатие не можете да водите, а не цел град!
Вие три од вкупно седум денови во ноември, Штипјани ги оставивте без вода, а не да направите нова филтер станица!
Вие во ек на пандемија не можете да обезбедите цистерни за критичните населени места, а не да обезбедите технички чиста вода за пиење како што ветувавте пред изборите!
Вие два цели дена Штип го оставивте без вода, а ги манипулирате граѓаните да излезат на гласање и да ви веруваат на овие локални избори.
Дали знаете дека има луѓе позитивни на КОВИД-19 и такви во изолација, стари и неподвижни лица, лица во социјален ризик и други категории кои ниту имаат можност, ниту средства да си обезбедат вода за домаќинствата?
Кој се грижи за нив?
Затоа бараме ОСТАВКА од директорот на ЈП Исар! Не е способен да отстрани еден дефект, а камоли да реши погорливи проблеми за граѓаните на Општина Штип.

Мицкоски доби поддршка на социјалните мрежи од новиот лојален соработник Зафировски

Мицкоски на прес-конференција го претстави Воислав Зафировски како силно засилување на ВМРО-ДПМНЕ. Зафировски на членовите на ВМРО-ДПМНЕ е познат откако жестоко бараше најстроги казни за настаните на 27ми Април, па одлуката на Мицкоски наиде на силни критики од членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

“Стамов зборува глупости. Ставот на Мицковски е максимално коректен. Во услови на пандемија, наместо да се помагаат економските субјекти, за десетина месеци ќе се фрлаат пари за избори.
Кој и да биде избран, нема ништо да може да промени.
Решението е во законско решение на ВД градоначалниците да им се продолжи мандатот до редовните избори, а планираните средства за изборите нека се слеат во и така кревкото Штипско стопанство.” – пишува на фејсбук Зафировски.


Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести