На Редит се појави видео во кое наводниот маж тврди дека неговата сопруга носи дете од друг маж, поточно негов пријател. Видеото настанало на забавата наречена baby shower, односно прослава на која се дарува бебето, а во него се гледа како сопругот пред сите гости ја обвинува сопругата за неверство. Тој дури и во присуство на својот адвокат вади докази дека трудната сопруга била неверна.
– Знаете дека чекам син, сепак погледнете го ова. Знаете дека ќе станам татко, но сите превидовте еден детаљ. Ова е доказ дека е трудна шест, а не четири месеци, рекол тој.
Сопругата сакала да го прекине за муабетот да го продолжат на сам, но тој бил одлучен во намерата да ја открие вистината.
– Ова дете не е мое. Ова е забава за нив двајца, рекол мажот.
Таткото на жената останал во шок, а секако и останатите гости, кои немале по кого па удриле по љубовникот кој добил и торта во глава.
