Две сценарија се можни откако рацете ќе ги ставите во студена вода на пола минута – прсите ќе ви станат црвени или бледи (а може дури и синкави) – тоа покажува колку ви е здраво срцето. Во прашање е тест со ладна вода кој можете да го направите и дома. Овој тест открива во каква состојба ви е срцето, односно колку е здраво.
Се што треба да направите е еден сад да го наполните со ладна вода (додадете и малку мраз), а големината на садот треба да е толкава во него да ги ставите двете дланки. Потоа двете раце држете ги под вода 30 секунди.
Прстите ви поцрвенеа
Тоа е добар знак, зашто црвени прсти покажуваат дека, веројатно, немате проблем со нивото на кислород во крвта и дека срцето и крвотокот ви се здрави.
Прстите ви се бледи или дури синкави
Тоа открива потенцијални проблеми со циркулацијата на крвта во телото и можно е нивното на кислород во крвта да ви е ниско. Во тој случај после тестот стоплете ги прстите или измасирајте ги за да ја подобрите циркулацијата и да им ја вратите нормалната боја.
