0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Жика Стојановски: Потребен е Конгрес и обединување на ВМРО-ДПМНЕ за да тргнеме во нов победнички циклус

„Јас лично сметам дека Мицкоски треба доброволно да си поднесе оставка и да свика вонреден конгрес доколку не успее да победи на изборите во Штип“, изјави градоначалникот на Општина Илинден и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ Жика Стојановски на денешното гостување на ТВ 24.
Стојановски смета дека треба да има конгрес дури и доколку исходот од изборите во Штип е позитивен , бидејќи отчетот пред највисокото партиско тело е демократски чин. „Кога поголем дел од делегатите што го избрале претседателот на партијата бара од него отчет, тој има обврска тоа да го испочитува. Целта на конгресот е да се усвојат и одредени акти и планови со кои би се подобрило работењето како би се освоила власта и би се реализирале програмските определби. Нашата цел е обединување на сите структури на демократски начин, без да се негира никој.“, вели Стојановски.
Стојановски посочи дека Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес е активен, но дека учеството на локалните избори во Штип е приоритет за партијата. „Штип е важен град и сакаме ВМРО-ДПМНЕ да победи таму. Иницијативата нема да дозволи да биде обвинувана или да биде алиби на Мицкоски доколку раководството доживее уште еден пораз.“ изјави Стојановски според кого конгресот веројатно би се организирал по завршување на изборите.
Протестите кои се слабо посетени и секојдневните критики не оставаат впечаток кај Стојановски. Тој смета дека секогаш треба да се гледа крајната цел кога се оценува ефектот од одредена активност.

  • Што е крајната цел на критиките и протестите ? Дали таа цел е постигната , прашува Стојановски според кого партијата има многу поголем потенција отколку оној со кој што се настапува во моментов.
    „Треба да најдеме простор за разговор, заеднички пристап за да ги реализираме крајни цели. Ништо не би ни значела ни победа на избори ако не успееме да формираме влада. Тоа зависи од политиките и капацитетот и на лидерот за коалицирање. Јасно ми е дека не е едноставно, но мора да носиме одлуки кои ќе доведат до прогрес. Не смее секогаш да се наоѓа алиби и друг да ни е виновен за се. Јас за мој неуспех не можам да го обвинам членството, граѓаните или некој друг. Одговорноста секогаш паѓа на првиот човек.“, заклучи Стојановски кој потенцира дека останува во иницијативниот одбор и ќе продолжи да се заложува за конгрес.

Интервјуто во целост на може да го погледнете на ТВ24.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести