Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на својот Фејсбук профил објави дека се чуствува загрижено заради тоа што власта сметала дека превод на книги е дополнителен и непотребен трошок.
- Држава без сенс за поддршка на развојот на уметноста, културата, образованието и науката е осудена на пропаст. Слушам и гледам како претставничка на владејачкото мнозинство смета дека преводите и печатењето на книги било големо промашување и не знам уште што и било непотребен трошок за државата!?- Дефинитивно мораме како општество да почнеме да се справуваме со негативната селекција, инаку ќе биде народната: Дојдоа дивите, ги избркаа питомите!- пишува Василевска на фејсбук.

