5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

Само 9% од ШВЕЃАНИТЕ користат кеш – се е дигитализирано

Само 9 проценти од Швеѓаните користеле готовина за време на последната набавка, утврди централната банка, заклучувајќи дека пандемијата го забрзува преминот кон плаќање со картички и дигитално.

Употребата на готовина во Шведска се намалува со години и централната банка предвидува дека за 10 до 20 години монетите и банкнотите може целосно да исчезнат од употреба. Од 2010 до 2020 година, уделот на граѓаните кои користеле готовина во последната набавка паднало од 39 на само девет проценти, покажа новото истражување на Риксбанк.

Швеѓаните се повеќе се потпираат на електронски плаќања, вклучувајќи ги дебитните картички и Свиш, апликација за мобилно плаќање, открива Риксбанк.

Во последните 30 дена, повеќе од 90 проценти од Швеѓаните користеле дебитна картичка при купување, а 75 проценти од нив користеле Свиш.

– Користењето готовина е на најниско ниво во историјата – заклучува Риксбанк.

– За да се подготви за иднина во која сè помалку луѓе ќе плаќаат во готово, Риксбанк ја истражува можноста за издавање дигитална валута, т.н. е-круна. Пандемијата го забрза овој тренд, бидејќи многу граѓани работеа од дома и помалку одеа во продавниците – соопшти централната банка.

Дури и постарите граѓани во пандемијата започнаа повеќе да го користат Свиш.

Што ако се расипат електронските системи?

Исчезнувањето на готовина го покренува прашањето што ќе се случи во случај на дефект на системите за електронско плаќање.

Иако готовината може релативно лесно да се фалсификува и пере, тие исто така имаат важни предности во однос на дигиталните пари. На пример, не се потпира на електрична енергија или на комплексна инфраструктура, а Риксбанк заклучува дека сигурно мора да остане како резерва.

– Мислењето на Риксбанк е дека на оние кои сакаат да користат готовина треба да им биде дозволено да продолжат да го прават тоа – посочуваат во централната банка.

– Исто така е потребно во услови на криза и состојба на зголемена подготвеност во Шведска, сите видови плаќања да продолжат да функционираат – додаваат тие.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести