16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

БАРСЕЛОНА ГОРИ: Хаос на масовните протести против карантин!

Демонстрантите кои се противат на ограничувачките мерки за сузбивање на пандемијата на вирусот корона во Шпанија, денеска се судрија со полицијата на улиците на Барселона.

Педесет демонстранти ги гаѓаа припадниците на полицијата со камења и запаливи материјали, соопшти полицијата, наведувајќи дека демонстрантите биле потиснати.

Претходно, околу 700 демонстранти одржаа мирен протестен марш низ улиците на Барселона. Слични протести имаше и во Билбао, пренесува Ројтерс.

Шпанија воведе вонредна состојба оваа недела, и како и другите европски земји, прибегна кон драстични мерки за сузбивање на ширењето на вирусот, иако помалку ограничувачки од Германија или Франција.

https://twitter.com/thelasttrench/status/1322297399520514050?s=19

Вонредната состојба им дозволува на регионалните власти да ја ограничат слободата на движење со воведување полициски час или забрана за движење.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести