5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СТРАШНО!!! Чувале череп над каминот како украс, ни на крај памет дека е на ЧОВЕК КОЈ ИСЧЕЗНАЛ ПРЕД 8 ГОДИНИ

Семејствата претежно чуваат часовници, свеќи, рамки на камините, но ретко кој чува череп што носи очила. Овој необичен сувенир го чувало семејство во Тенеси, не знаејќи дека му припаѓа на човек кој исчезнал пред осум години.

Според „Мирор“, полицијата била известена дека черепот се наоѓа во куќата на семејство, па го заплениле и го однеле на тестирање.

Се испоставило дека му припаѓа на Вил Мекена, кој исчезнал пред осум години.

Сепак, многумина се прашуваат зошто некој би го покажал черепот како сувенир, наместо да ги алармира властите.

Полицијата сега ја повикува јавноста да извести доколку има информации во врска со смртта на Мекена.

Сопственикот на куќата каде што бил пронајден черепот изјавил дека го добил на подарок.

Наводно, черепот е пронајден во март 2019 година, на околу 16 километри оддалеченост од куќата.

Потрагата по тој терен е во тек, но засега нема нови информации.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести