Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски не отстапува од стратегијата со која му донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ

Веднаш после избивањето на аферата Рекет, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара вонредни избори со надеж дека снимките што ги обезбедил некој друг, на него ќе му обезбедат премиерска фотелја.
„Зоране, ќе те победам и ќе заврши твојата политичка кариера“, „Ќе го поразиме Заев, а ќе ве поразиме и вас. Ме потценивте, затоа и ќе ве победиме на купче заедно“, „Убеден сум, ќе ги победиме!“, се само дел од насловите од десетиците интервјуа кои крајносамоуверено ги пласираше Мицкоски , откако Зоран Заев ја прифати фрлената ракавица и одлучи да оди на предвремени избори.
Исто како и пред одржувањето на парламентарните избори кога најавуваше двоцифрена разлика во бројот на пратеници и победа изразена во стотици илјади гласови, Мицкоски и пред изборите во Штип најавува сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во Штип на следните градоначалнички избори се брани Македонија, тоа не се обични избори и затоа ги повикувам штипјани да излезат и заедно во првите редови да ја одбраниме Македонија од ова денешно секојдневие кое што и се случува, секојдневие на пљачка, криминал, корупција, понижувања и омаловажувања.Да победат проектите, да победи новата иднина, вистинската иднина, и за Штип и за Македонија“, „Очекуваме масовна поддршка од штипјани што ќе значи нов ветер, нова енергија што ќе ја навести победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори што ќе се случат за помалку од една година од денес. Штип во миматото секогаш бил предвесник на промените, така ќе биде и сега“, се сегашните најави на Мицкоски.

Повторно се покажува неискреност и страв со барање за одложување на изборите

Веднаш после првичната еуфорија по најавата дека ќе има избори, следуваше калкулирање со нивното одлужување. Иако многу земји во регионот и во Европа одлучија да спроведат избори во страв дека есенскиот бран на корона вирусот ќе биде полош од пролетниот, Мицкоски реши да игра на картата Корона и да бара одложување. Дали веќе имаше информации дека рејтингот не му е како што посакува или очекуваше преку пандемијата да добие дополнителни политички поени никогаш не беше даден одговор во јавноста, но останаа неговите изјави.
„Откако успешно ќе се избориме со пандемијата, може да зборуваме за поконкретни датуми и чекори за избори“, изјави Мицкоски на 2 Јуни. Тој апелираше првин да се направи обид да се спасат што е можно повеќе животи, па потоа да се разговара за избори.
Нешто слично Мицкоски навести и завчера.
„Прашањето е сега дали на 870 заболени имаме воопшто амбиент за фер и демократски избори. Бидејќи вие знаете на 870 заболени и секојдневна двоцифрена бројка на луѓе кои го губат животот, прашањето е дали треба воопшто да ги изложуваме на дополнитетелн ризик штипјани да излегуваат на избори. Јас апелирам и до Владата и до останатите политичари сериозно да размислат. ВМРО-ДПМНЕ оваа точка на следната седница на Извршниот комитет сериозно ќе ја размислува бидејќи само прашање на време е кога бројката на новозаболени ќе стане четрицифрена. Апсолутно многу е возможно да побараме одложување на изборите,“, изјави Мицкоски.

Неискреноста се претвори во изборен пораз

„ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седницата на Централниот комитет донесе едногласна одлука дека ќе учествува на изборите на 15 јули. ВМРО-ДПМНЕ очекува Талат Џафери да ги закаже изборите.“, ова го изјави Мицкоски на 15 Јуни, еден месец пред одржувањето на изборите, откако претходно постигна договор со Зоран Заев.
Во текот на целата кампања, Мицкоски практично и не ја спомена ковид пандемијата, иако пред да го постигне договорот најсилниот аргумент му беше здравјето на граѓаните.
Овој пат сеуште не е официјално побарано одложување.

Медиа.мк веќе пишуваше дека Мицкоски доцни со ветеното објавување на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во Штип, што не остава впечаток дека и партијата верува во победничка варојанта

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...