7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Добри вести: Оксфордската вакцина против КОВИД-19 во првите две фази покажала одлични резултати дека НЕ Е ШТЕТНА И СОЗДАВА ИМУНИТЕТ

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека вакцината против корона не е штетна и создава имунолошки одговор.

Во фаза три, бројот на луѓе е проширен на 30.000 со оксфордската вакцина, изјави Рамадан за ХРТ.

Тој изјави дека и постарите луѓе ќе бидат заштитени.

Сега чекаме податоци за ефикасноста на вакцината во спречување на заболување од ковид. Постојат 2 параметри што сакаат да ги постигнат со вакцината, а тоа е да заштитат од најтешките форми на болеста и од морталитет, коментира Рамадан, додавајќи дека фазата 3 покажала дека и постарите луѓе даваат имунолошки одговор на вакцината.

Според сите параметри, вакцината најверојатно ќе ја заштити постарата популација од тешки инфекции, коментира тој.

Тој додаде дека вакцината првично нема да биде достапна на глобално ниво, туку само за најранливите групи и здравствените работници кои се во директен контакт со заразените. Тој рече дека вакцините ќе им бидат доставени до католичкиот Божиќ.

Вакцината е подготвена, не е штетна и создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација. Останува да видиме дали има ефект да нè заштити од тешкиот развој на болести и смрт, рече Рамадан.

Тој потенцираше дека првата вакцина нема да биде совршена, но важно е да се надмине оваа тешка состојба и да се ублажат последиците од болеста.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести