10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

КОЛАПС ВО БЕЛГИЈА: И заразените доктори мора да работат

Секое трето испитано лице е позитивно во овој источно белгиски град. Од докторите во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат иако имаат корона поради зголемувањето на бројот на случаи и новите проблеми во болниците, пишува Би-Би-Си. Се вели дека околу една четвртина од медицинскиот персонал е заразена. Сега, десет болници побараа од своите вработени кои биле позитивни на вирусот корона, но немаат никакви симптоми, да продолжат со работа. Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати за Би-Би-Си изјави дека немаат друг избор доколку сакаат да спречат уривање на системот во следните неколку дена. Секое трето испитано лице е позитивно во овој источно белгиски град. Болниците ги транспортираат пациентите во други установи и ги откажуваат неитните операции. Патем, министерот за здравство, Франк Ванденбрук, пред неколку дена предупреди дека земјата очекува „цунами“ од нови инфекции, а во тој случај властите нема да можат да „контролираат што се случува“. Да потсетиме, Европа се соочува со уште една катастрофа, имајќи предвид дека бројот на заразени расте алармантно на целиот континент.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести