5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ЦРН БИЛАНС ЗА ЖАЛ И ДЕНЕС: 15 лица починаа од КОРОНА во последните 24 часа!

Во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19. Најмногу новозаболени има во Скопје – 116, Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2.

Починати се 15 лица, и тоа двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести