Министерот зза внатрешни работи, Оливер Спасовски пред малку објави дека е позитивен на Ковид-19.
“Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Чувајте се.” – напиша на Фејсбук Оливер Спасовски.