8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

ЕКСКЛУЗИВНО: Детали за повлекувањето на Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека се повлекува од Собранието, заради, како што наведе во неговата објава: “кога политичката прагма станува поважна од моралот“.

Веднаш потоа, преку Vecer.mk се огласи ВМРО-ДПМНЕ која потврди дека Дурловски го напушта Собранието, но дека останува стратешки советник на претседателот Христијан Мицкоски, притоа, наведувајќи дека повлекувањето е личен став на Дурловски, кој партијата ќе го почитува.

Според извори на Media.mk, тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ не е вистина, бидејќи Дурловски, освен што навремено најавил дека се повлекува од Собранието, лично ги известил сите партиски органи, но и лидерот Мицкоски, дека не останува на ниедна функција/позиција која претходно ја имал.

Ова особено се однесува на позицијата стратешки соработник на претседателот Мицкоски, наведуваат нашите извори.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ досега не го најави повлекувањето на еден од носечките столбови на независната политика во партијата и зошто молчеле додека тој самиот не објави, останува неодговорено. Но, исто така, останува нејасно, зошто партијата има потреба да ја затскрие вистината за фактичката состојба.

Media.mk испрати прашања до ВМРО-ДПМНЕ за оваа новонастаната состојба, но партијата засега не се огласува за овие наводи, за кои очекуваме одговори во следниот период.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести