9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

ДУРЛОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА – “Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот”

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук.

“Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.
Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам!
Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.” – пишува Дурловски.

Игор Дурловски е единствениот кој беше обвинет во предметот за 27ми Април кој не побара да биде амнестиран, туку остана до крај во процесот и ја докажа својата невиност. Игор Дурловски во изминатиот период после изборите делуваше дистанцирано од Мицкоски, па дали овој негов потег значи дека моменталното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не кореспондира со идеите на Дурловски останува да видиме.

Според нашите информации се повеќе високи функционери и истакнати членови се дистанцираат од Мицкоски и неговата безидејност и ова е само прва од многуте оставки кои ќе следат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести