Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Британски војник бара ДЕТЕ НА КОЕ ВО ВОЈНАТА ВО БиХ ВО 1995 МУ ДАЛ ЧОКОЛАДА (ФОТО)

Приказната за Ѓулдина Куртовиќ од Кладањ, која го пронајде британскиот војник кој и подарил плишано мече за време на војната во БиХ, го обиколи светот пред дваесетина години. Оттогаш, оваа девојка од Кладањ успеа да им помогне на уште двајца војници да стапат во контакт со деца од земјата што ги запознале за време на истата војна.

Деновиве ја побарал друг британски војник кој бара момче од Игман, пишува Аваз.ба.

– Во 1993 година ги запознав војниците во Кладањ. Мене во 2000 година ме пронајде Питер Милнс од Англија, кој се сетил на мене од војната. Пред две години, друг британски војник, Ентони Милер, ми се јави за да му помогнам да ја пронајде девојката на сликата од Долни Вакуф. Приказната беше успешна, во тоа време ми помогна и „Дневни аваз“ – вели Куртовиќ.

Сега ја контактирал уште еден војник Питер Мур, кој бара момче од Игман.

– Ми рече дека го сретнал додека момчето ги чувало овците на Игман. Потоа го замолил за цигара, а тој му дал  чоколадо. Ми рече дека имал желба да го види и да открие што му се случило – рече Куртовиќ.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=378636466880530&id=100042025385856

Таа додаде дека фотографиите на момчето од Игман се направени во текот на 1995 година, но дека војникот Питер Мур не се сеќава на името на момчето на сликата.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...