9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

ДАЧИЌ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ на српското Собрание

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва ја соопшти одлуката кои партии влегуваат во новата влада со СНС, односно дека ја продолжуваат соработката со СПС на Ивица Дачиќ, но и дека во владата влегува СПАС на Александар Шапиќ.

Вучиќ притоа соопшти дека претседател на српскиот парламент ќе биде досегашниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Дачиќ истакна дека за секој политичар најголема чест е да биде шеф на највисокото претставничко тело и носител на уставната и законодавната власт во Република Србија.

Тој му се заблагодари на Вучиќ за предлогот, со порака дека само обединета Србија може да одговори на предизвиците што следуваат во наредниот период.

– Заедно со претседателот на Република Србија и Владата на Република Србија, Националното собрание ќе даде клучен придонес за развојот и иднината на Србија, со целосно единство што обезбедува стабилност и просперитет на земјата, рече Дачиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести