7.8 C
Skopje
среда, март 13, 2024

ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА: Хирург почина од Ковид

Д-р Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус. Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје.

Од Центарот за јавно здравје во Куманово потврдуваат дека на 9 октомври е потврден случај на ковид-19 на здравствен работник. Директорката од Општата болница Куманово Снежата Захариева, вели дека сите се уште се во шок од сознанието оти нивниот колега ја изгуби битката со коронавирусот.

Од ковид-19 во јули месец во ГОБ ,,8 Септември” на 64-годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Тој беше првиот доктор во Македонија што ја загуби битката со болеста.

Неодамна почина и Дијана Димоска, медицинска сестра од Опшатата болница во Охрид. Почина на 49 години, како резултат на компликации од ковид-19.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести