10.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ предлага предлог закон за формирање на специјална државна комисија за борба против КОВИД

Прес-конференција на Антонијо Милошоски:

Почитувани,
Би сакал денешнава прес конференција да ја искористам за неколку ставови поврзани со предлогот на закон за заштита на населението од заразни болести кој што во текот на вчерашниот ден за прв пат пратениците имаа можност да го добијат. Сметавме дека еден ден сепак е најмалку еден ден потребен за барем да се прочита тој предлог закон.
Од она што можеме да го видиме од дадениот предлог закон гледаме дека овој закон нема конкретни мерки за борба против пандемијата, во овој закон нема мерка за зајакнување на капацитетите на институциите кои што вршат КОВИД тестови, нема мерка за поевтино тестирање на ризичните групи на население како пензионери или хронично болни, ниту има мерка за пошироко тестирање по однос на бројка во позагрозените општини како што се Скопје, Прилеп, Струмица, Тетово и други градови.
Затоа сметаме дека овој закон е повеќе техничка измена и дополнување наместо да биде закон во кој што би имало суштински мерки за борба и справување против пандемијата. Морам да напоменам дека на ова ниво на загрозеност од пандемијата каде што Македонија за жал има една од најголемите стапки на смртност по однос на еден милион жители во Европа дојдовме и како резултат на несоодветните мерки и слабата доверба која што Комисијата на министерот за здравство ја има кај јавноста.
Сметаме дека оваа комисија која што уште пред изборите почна да ги политизира мерките, а во последно време видовме дека беше и пасивна кога некои ресторани, дискотеки во Скопје и во Струмица блиски до семејството на власт правеа концерти, забави, журки и тогаш не се реагираше соодветно носи дел од одговорноста за оваа загрижувачка состојба со пандемијата со КОВИД.
Во текот на вчерашниот ден во утринските часови имаше средба на претставник од ВМРО-ДПМНЕ со министерот за здравство по однос на предлог законот за заштита од заразни болести при што беше предложена идејата на ВМРО-ДПМНЕ да се формира една специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии во моментот кога постојат или во иднина во момент кога повторно би се случиле. Во однос на комисијата за справување со пандемија и епидемија предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член.
На наше разочарување оваа идеја и предлог не беа прифатени од министерот за здравство. Очигледно е дека министерот за здравство за разлика од мнозинството во јавноста се уште има блиска доверба во неговата советодавна Комисија за КОВИД што ја предводи докторот Караџовски, за која Комисија ние сметаме дека носи дел од одговорноста за многу ненавремени или за многу несоодветно преземање на мерки изминативе пет месеци. Затоа сметаме дека Македонија мора да реагира посериозно, мора некој за сегашната ситуација да понесе одговорност и мора постручни лица да ги заземат местата на оние членови на Комисијата кои одеа на концертот на Владо Георгиев во дискотеката „Мош“.
Не може таков здравствен работник и член на Комисијата да влева доверба кај населението и да наложува мерки, а истиот не ги почитува. И затоа Македонија денес за жал има 408 починали лица како стапка на смртност на еден милион жители, во споредба со нас Србија има 89 смртни случаи на еден милион, БиХ има 311, Бугарија има 147, Хрватска има 96, Грција има 51, Албанија има 159 итн. Затоа сметаме дека министерот треба уште еднаш да размисли зошто се одбива ваква една иницијатива за формирање на специјална државна комисија за справување со КОВИД пандемијата која што би ја предложила Владата, а би ја изгласало Собранието.
Ние како партија забележуваме дека на власта често и треба изговор и кривец. До пред 3-4 месеци се вадеа со паролата Наќе е крив, потоа кога Наќе веќе не беше министер, народот е крив, сега ќе бараат кривец во опозицијата или во некои други структури, но не само во власта. Затоа за да не им послужи како изговор тоа што законот кој го предлагаат има недостиг од суштински мерки за борба против пандемијата и да не почнат со спинови за тоа кој е виновен за слабото работење на Комисијата на министерот за здравство, ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта уште во текот на денешниов ден, да закаже собраниска седница. Знаеме дека немаат кворум, но ние ќе бидеме коректни, ќе го направиме кворумот на собраниската седница. Иако ќе бидеме воздржани, сепак ќе овозможиме овој предлог закон да помине. Но, предупредуваме уште еднаш, ваков каков што е не очекуваме да донесе преголеми резултати, бидејќи во законот недостигаат суштински мерки за борба против пандемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести