Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски „лавовски“ се избори за пет потпретседатели во собранието

„ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи свој кандидат за потпретседател. Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави. Впрочем ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме пет потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче“, изјави поранешниот генерален секретар Игор Јанушев на 27 Август.


Поранешниот спикер Трајко Вељановски излезе со став дека „Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија! Нема економска оправданост и причина за толкав број потпретседатели“. Вељановски потсети дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2016 година, во сите четири парламентарни состави имало по тројца потпретседатели.

Вељаноски направи и споредба со тоа како е во другите држави, посочувајќи дека во САД има 435 пратеници и 1 потпретседател, Велика Британија – 650 пратеници и 3 потпретседатели, Словенија – 90 пратеници и 3 потпретседатели, Италија – 630 пратеници и 4 потпретседатели, Германија – 709 пратеници и 5 потпретседатели.

На 25 Август координаторот на пратеничката група Никола Мицевски побара точката за избор на пет потпретседатели на собранието да се тргне од дневен ред. Образложението беше дека парите не треба да се трошат расипнички, бидејќи заложба и на СДСМ била намалување на трошоците.


На почетокот на Септември, Мицкоски најави дека пратениците лавовски ќе се бореле за добро на граѓаните, но само два месеци подоцна избрани се пет потпретседатели. ВМРО-ДПМНЕ статирало обезбедувајќи кворум, а одлуката е усвоена со 60 гласа „за“ и само 22 „против“. Неговиот збор овој пат не траеше ниту два месеци. Немаше „филибастеринг“ и илјадници амандмани за да се блокира намерата на Заев, а изостанаа и прес конференциите.


Зоран Заев на почетокот на јавната дискусија ставот на опозицијата го нарече лицемерен и побара ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од функцијата потпретседател на собранието, ветувајќи дека истото ќе го стори и СДСМ.
Очигледно никој не се откажал од привилегиите и дополнителните кабинети и средства, иако декларативно се заинтересирани за народот.


Според шпекулации во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има неколкумина заинтересирани кандидати за функцијата, а најсериозни се Силјановска, Милошоски и Николовски. Сепак останува можноста Мицкоски повторно да се премисли и да не предложи кандидат.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....