12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НИКОЛОВСКИ: Димова мора да понесе политичка одговорност, ќе побарам разрешување

Потпретседателот на владата, Љупчо Николовски, вечерва најави дека ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми, Лидија Димова, на седницата на владата идниот вторник по скандалот со грантовите во вредност од 270.000 евра доделени на компанијата„В.Е.З. Трејд“ на извесен Зоран Златковски.

„Димова треба да поднесе политичка и морална одговорност, а понатаму институциите нека си ја тераат постапката со почитување на презумпцијата на невиност“, изјави Николовски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Лидија Димова се најде во средиштето на овој случај откако медиумот „А1он“ објави дека 270.000 евра биле доделени на фирма чие седиште е во фризерница. Димова тврдеше дека целата постапка за тие пари е во согласност со правилата и дека Златковски ги извршил обуките, а на прес-конференцијата во вторникот изјави дека нема намера да поднесе оставка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести