4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЗАЕВ: Нека ни е честит и вековит денот на народното востание!

На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот.

Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации.

Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести