Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МИЦКОСКИ: Патот до слободата е вечен, честит 11 октомври!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на фејсбук го честиташе 11ти октомври , Ви го пренесуваме текстот интегрално:

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание – 11 Октомври.

Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор го продолжи стремежот на македонскиот народ за слободен живот и сопствена држава. На 11 Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, се спротивстави на теророт и застана на страната на правдата, човечноста и слободата.

Со народноослободителната борба македонскиот народ го потврди континуитетот на борбата за државност и самостојност и ги реализираше целите и идеалите на Илинденците, со што ги постави темелите на македонската држава. Со тоа се оствари и вековниот сон за кој животот го посветија и дадоа многу македонски херои.

Патот по кој одеа нашите дедовци и татковци, и дадоа жртва за остварување на идеалот за државност и слобода, нѐ води и денес во остварување на подобра држава Македонија и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.

За жал, денеска народот повторно е обесправен, а се тргува и со темелот на македонската држава и борбата на оние кои ни ја донесоа слободата и дадоа жртва борејќи се против неправдата. Денеска гледаме откажување и продажба на македонските национални и државни вредности, додека врз народот се врши невидена тортура и реваншизам. Неправдите, сиромаштијата и криминалот се секојдневие во Македонија. Токму затоа денес повторно е неопходно да застанеме против неправдите и да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, градејќи светла и сигурна европска иднина.

Сите граѓани во Македонија го живееме истото секојдневие и затоа на 11 Октомври да се потсетиме на жртвата која ја дадоа македонските херои и да го продолжиме нивниот идеал, да се избориме за правдата и за доброто на државата и идните генерации.

Патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација.

Честит 11 Октомври!

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...

Македонија

Платениот убиец од Никшиќ Петар Мујовиќ 19), кој беше уапсен пред три дена, на полициското рочиште призна дека му биле исплатени половина милион евра...