На 07.10.2020 околу 20.45 часот, во гостиварско Здуње, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода В.С.(23) од Гостивар, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и таблети екстази. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде изготвен поднесок.
