8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЕКСКЛУЗИВНО: Голема заплена на дрога и оружје во Кратовско, вмешан Дедо Љубе

Медиа.мк дознава од свои извори дека Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР во акција во Кратовско, открила голема лабораторија и во моментот кога полицијата упаднала се подгорувало масло и имало големи котли во кои вриела дрогата.

Изворот за медиа.мк вели дека пронајдени се и големи насади со марихуана кои се поврзани со Љубомир Митев (80) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, кој беше ослободен од обвинението за убиство и ранување на напаѓачите во неговиот дом во кратовското село. Дедо Љубе, доби две години условна казна да не го повтори делото за 4 години, за нелегално поседување оружје, одлучи Кумановскиот суд, а соопшти неговиот адвокат.

Според нашиот извор пронајдени се и најмалку 8 пушки во куќа во селото Којково.

Очекуваме потврда и повеќе информации од МВР.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести