6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Д-р Пановски предупредува: БРОЈКИТЕ МОЖЕ ДА ОДАТ И НАД 1.000 СЛУЧАИ ДНЕВНО (ВИДЕО)

Без одлучна битка и здружен фронт на сите чинители во општеството против коронавирусот бројките допрва ќе раснат, вели доктор Никола Пановски за Канал 5 кој предупредува на црни сценарија и со над 1.000 заразени дневно

– Не само црвен туку да имаше некој виолетов аларм, навистина уште пред да залади пред, да дојде во полна сила есента овие бројки се многу големи. Рекордот ќе трае многу кратко, за брзо ќе биде соборен , бидејќи по мене овие, се некаде од петок и сабота, а сега ќе дојдат од сабота и недела, па ќе дојдат тие случаи кои овие ги заразиле дома, така да тоа ќе се шири, рече Пановски.

Тој додаде дека ова е сериозен проблем и треба сите да се вклучат и власт и опозиција и верски лидери и доктори, да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките, затоа што ќе колабираме не само здравствено и економски.

Пановски потенцира дека ако продолжи непочитувањето на мерките, властите треба да размислат за повторно воведување на полициски час или други забрани за движење.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести