Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, девојките од бендот Хурикејн, важат за едни од најпопуларните и најзгодните на естрадата.
Со својот глас, изглед, но и со одлични песни, тие го маѓепсаа регионот, скршија и многу машки срца кои не можат да ги освојат, а Ивана откри дека во нејзиниот љубовен живот не цветаат рози.
-Низ животот да одиш цврсто и воздржано, тоа не е живот. Ако ти се прави нешто прави го. Ако ми се допаѓа да јадам пица, ќе ја јадам, рече Сања.
Иако до неодамна сите три беа среќни и заљубени, Ивана откри дека повеќе не е во врска.
– Повеќе не сум заљубена, дојдов да пејам сега, ќе бидам тажна вечерва и утре, истакна Ивана за „Премиера“.
Девојките откриле и како момците можат да ги освојат и истакнале дека романтиката не е нешто што тие повеќе го сакаат.
– Јас не сакам цвеќиња, но ако ми донесе букет од помфрит, тој навистина ќе ме воодушеви, рече Сања.
Ксенија, пак откри дека сака нејзиното момче да знае да готви и кога ќе се врати дома да ја чека ручек.