6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Второодделенец од радовишко Подареш ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Ученик на седумгодишна возраст од од Основното училиште „Коста Рацин“ од радовишкото село Подареш е позитивен на тест за коронавирус. По ова, епидемиолозите одлучиле од утре во изолација да ги стават неговите сокласници.

Информацијата ја потврди директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова.

Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во ова училиште не се ставаат во изолација, бидејќи според анкетата немале контакт со учениците од второ одделение, вели Димитрова.

Таа додала дека одлуката да се стават децата во изолација ја донеле попладнево во консултациja со епидемиолог од Радовиш.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести