Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на Мицкоски со британската амбасадорка Галовеј

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоки денес (05.10.2020) оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј  каде разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека во текот на средбата Мицкоски истакнал дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво.

– Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план. Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара, велат од партијата.

Од партијата потенцираат дека Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.

– На крајот на средбата Мицкоски и  се заблагодари на британската амбасадорка за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Митко Јанчев пред малку повика на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се бара оставка од Мицкоски. “Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател...