Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на КОВИД 19 и истиот е позитивен.
Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.
Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, напиша Смилевски.