Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Со платежните картички и мерката за поддршката на испата на плати, 97,6 милиони евра завршуваат кај над 360.000 граѓани

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ

Почитувани,

Со четвртиот пакет мерки во вредност од 470 милиони евра, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

70 милиони евра ќе се искористат за мерката поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември. Овој пат, поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста, во зависност од падот на приходите на компаниите и таа ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно.

Со оваа мерка се опфаќаат 83.000 работни места, или за трите месеци ќе бидат поддржани вкупно 250.000 плати.

Го зголемуваме и опфатот на корисници на домашни платежни картички за поттикнување на приватната потрошувачка и зајакнување на куповната моќ.

Со новиот пакет економски мерки, 27.6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 наши сограѓани кои ќе добијат платежни картички во износ од по 6.000 денари.

Вакви платежни картички ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари,, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Само со овие две мерки 97,6 милиони евра завршуваат кај над 360.000 наши сограѓани. Ова е вистинска грижа, ова е вистинска поддршка кон оние на кои во овој период таа им е најмногу потребна.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики што имаат за цел помош кон граѓаните и стопанството. Продолжуваме да работиме уште повеќе, за уште побрзо надминување на последиците од коронакризата и враќање на економијата на стабилни стапки на раст.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...