11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВЕЦЕ ШОЛЈА ОД 23 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Кога ќе видите кој ќе ја користи, јасна ќе ви е цената (ВИДЕО)

НАСА во Меѓународната вселенска станица ќе испрати тоалет вреден 23 милиони долари, специјално дизајниран за астронаутите.

„Вселенскиот тоалет“ на НАСА направен од титаниум, тежок е скоро 50 килограми и е висок 70 центиметри, односно е двојно помал од рускиот што моментално се наоѓа на МСС.

Тоалетот е дизајниран така што може да се инсталира во леталото „Орион“, со кое астронаутите треба да пристигнат на Месечината во блиска иднина, а потоа, можеби, и на Марс.

Додека претходните верзии на тоалетите беа повеќе машки ориентирани, новиот модел на НАСА беше надграден, па седиштето беше навалено и подигнато за да им одговара и на женските астронаути.

Според британски „Индипендент“, астронаутите на МСС во моментов користат вакуумски систем.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести