11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Болница или хотел: Еве како изгледа болничката соба на Трамп (ФОТО)

Американскиот претседател  Доналд Трамп е во болница во Мериленд откако заболе од коронавирус. Тој оттаму ги извршува своите должности и може да се чуствува како во Белата куќа. Во апартманот има неколку соби, телевизори на сите страни, интернет а за неговото здравје се грижат најдобрите доктори.

Трамп веќе нема темпетура и нема потреба од кислород. Работите одат на добро, напиша тој на Твитер.

Тој објави и ново видео на Твитер во кое рече дека не се чувствувал добро кога дошол во болницата Валтер Рид, но дека сега се чувствува добро и дека следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување.

Трамп во видеото од неговата болничка соба рече дека се чувствува „многу подобро“ и се надева дека „брзо ќе се врати“, еден ден по контрадикторните пораки од Белата куќа за неговото здравје, откако му беше дијагностициран Ковид-19.

Во четириминутното видео објавено на Твитер, облечен во темно син костум и бела кошула, Трамп, кој изгледаше уморно, рече дека „не се чувствувал многу добро“ кога пристигнал во воената болница Валтер Рид, додавајќи дека следните денови ќе бидете клучни.

Следните неколку дена се клучни; тоа ќе биде вистински тест, ќе видиме што ќе се случи во текот на следните неколку дена, рече Трамп, кој во видеото седи покрај тркалезна маса пред знамето на САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести