Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Курти: Хоти ја создаде „ЧЕТВРТА ЈУГОСЛАВИЈА“ во Вашингтон

Поранешниот премиер и лидер на движењето Самоопределување, Албин Курти, го нарече договорот постигнат во Белата куќа меѓу Белград и Приштина „договор што создава„ Четврта Југославија“, пренесува Газета Експрес.

Курти смета дека оваа нова Југославија се создава преку областа „мини Шенген“, што ќе овозможи економска хегемонија на Белград над Албанците во Косово и Метохија и Албанија, наведува косовоонлајн. 

– Косовските Албанци и Албанците, во таа „Четврта Југославија“, ќе бидат само потрошувачи на српска стока и се надеваат дека ќе добијат патарина од српски камиони. Затоа што нашите производители ќе останат незаштитени – рече Курти во обраќањето пред членовите на Главниот одбор на Самоопределување.

Според него, сегашниот премиер на привремените институции на Приштина, Авдулах Хоти, ги потпиша најголемите отстапки што Приштина му ги направи на Белград во периодот по конфликтот.

– Србија се избори за целосна рехабилитација пред светот – рече Курти и додаде дека „со децении српскиот претседател не отишол во Белата куќа“.

Курти додаде дека Хоти прави лоша работа и ја понижува меѓународната позиција на Приштина.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Македонија

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6...