12.8 C
Skopje
сабота, мај 11, 2024

СЕРИЈА ЗЕМЈОТЕРЕСИ ЈА ТРЕСАТ СВЕТА ГОРА: Не се знае дали манастирите се оштетени

Серија земјотреси од кој најсилен бил 5,2 степени по Рихтерова сакала, ја погодиле во последните 24 часа областа Атос во Грција.

Првиот потрес со јачина 4,2 степени се случил ноќеска околу 22,39 ч. во море, 22 километри од Атос, а потоа следеле силен земјотерес од јачина 5,2 од истиот епицентар.

Следеле серија послаби потреси од кои последниот денес во 15.22. Епицентарот на овој потрес бил 18 километри југозападно од Атос на длабочина од 15 километри.

Спрема наводи на агенцијата АНА, била малку оштетена зграда на полиција во Кареја, но нема информации за евентуални оштетувања на манастрири.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести