6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Рангелова: Иницијативата е составена од луѓе што го избраа Мицкоски за лидер, тие имаат најголем легитимитет да му бараат одговорност!

Никогаш не го поддржав Христијан Мицкоски да биде избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече екс претседателката на Унија на жени Даниела Рангелова во емисијата 360 Степени.

-Иницијативата што сега бара одговорност од Мицкоски е составена од луѓе што го избраа за лидер. Тие сега имаат најголем легитимитет да му бараат одговорност, зашто тие го избраа. Јас не го поддржав ниту тогаш, сметав дека не е демократски да се прави притисок врз делегати да се избере лидер кој воедно е единствен кандидат – рече Рангелова.

-Секоја идеја треба да направи критичка маса, но тоа  не може да се случи бидејќи Мицкоски прави притисок на оние кои ќе му се спротистават и веднаш ги линчува и ги нарекува предавници, потребна е внатрешна интелектуална револуција, Мицкоски не е способен да води партија, нема јасни ставови, народот не гледа ништо различно, лута во политикита, кажа Рангелова.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести