21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мамиќ се враќа во Хрватска, но под еден услов!

Во јуни 2018 година, Здравко Мамиќ, газдата на Динамо беше осуден на 6,5 години затвор. Причината е извлекување на 116 милиони куни од Динамо, но пред да се донесе пресудата популарниот Мамињо побегна во БиХ, чие државјанство го има, таму каде што е и сега.

Сега е подготвен да се врати во Хрватска, да се соочи со правдата, но само еден услов, како што напиша на својот фејсбук профил…

Сакам да се вратам во Хрватска и да се појавам на сите судења против мене, и тоа по еден услов. А тој е да биде судењето во Осијек. Секоја чест и извинување на сите чесни поединци, тие си знаат, но меѓу нив имаа судии кои светот не видел и кои се полоши од тие на кои им судат. За тоа друг пат“.

Покрај ова тој додаде дека веќе нема да молчи, дека тој е еден од ретките Хрвати кои на својата земја од 1992 година и донел вкупно една милјарда евра профит.

Својот допис го заврши со – Вашиот Мамињо.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести