12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Екс пратеничката Весна Дамчевска му порача на Мицкоски да се прочисти од гневот

Екс пратеничката, делегат и една од Иницијаторите за вонреден конгрес, Весна Дамчевска Илиевска со “писмо” на фејсбук се обрати до Мицкоски кој со вчерашниот говор на протестот дрско ги нападна сите оние коа побараа негова оставка дека се мафија. Ви го пренесуваме во целост објавеното на фејсбук профилот на Весна Дамчевска Илиевска:

Со каков гнев и омраза “лидерот” им се обраќа на своите довчерашни поддржувачи, луѓе кои го донесоа на тронот, од кој никако не му се оди.

Што би им направил на луѓето кога ќе дознае дека се пријатели со неговите “непријатели”?

Би ги сменил од функциите, би ги избришал од групите на вибер и би ги прогласил за членови на ” мафија”?


Би ги “множел и со нула”, до кај што ќе стаса, математички прецизно?


Само нека “чисти”, се’ да “исчисти”, а кога тогаш и самиот себе од тој гнев да се прочисти.


Самопрочистувањето од гневот и бесот е еден од степените на ненасилно дејствување, но го има и во религијата и во современиот пристап на справување со насилната природа на личноста.
Во институциите верува, само кога го избавуваат од неговите ” габули”. Во спротивно му е омилена тема да вика од импровизирани бини, да го тормози членството за една тема, а да си протне говор за тоа што го мачи. И до кога? И што со тоа? Немири? Да имаше добра намера имаше и време и начин. Подобро никако, отколку лажно. Тажно е ова, веќе е тажно.

Биле лидери и поминале. И ти така. Организацијата останува, таа расне и се развива. Тој што искрено ја сака, ќе ја ослободи од своите слабости. Не може да обедини, тој што ја направи најголемата поделба. Доаѓа време кога ќе се среќаваме без страв дека некој е за, а некој против лидерот. Кога ќе се радуваме на новите, современи чекори на најголемата, демохристијанска партија ВМРО ДПМНЕ, што ќе ја поведе напред Македонија.

Да ни е вечна Организацијата!
Да ни е вечна Македонија!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести