Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО: Не чека СУРОВА И ТЕШКА ЗИМА, подгответе се

Светската здравствена организација предупреди денес дека ковид-19, болеста предизвикана од новиот вирус корона, се шири со загрижувачка брзина во некои делови на северната хемисфера, на неколку месеци од сезоната на зимски грип.

„Почнуваме да гледаме загрижувачки трендови во некои земји“, рече Марија Ван Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19, за време на веб-емисијата на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс.

“Забележуваме зголемување на бројот на хоспитализации во единиците за интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови на САД. Ова е загрижувачки, бидејќи сезоната на грип сè уште не е започната”, рече Ван Керхове.

Ван Керхов изјави дека бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со ковид-19, се зголемува во неколку земји.

Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, ги советуваше луѓето со висок ризик од инфекција со ковид-19 да се вакцинираат против грип.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...