23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Кралицата Елизабета има намера ДА ЖИВЕЕ И ПОСЛЕ 100-та ГОДИНА, се пази во строга изолација

Британската кралица Елизабета се „крие“ од јавноста во замокот Виндзор уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот и не прима гости, па дури и други членови на кралското семејство, со исклучок на нејзиниот 99-годишен сопруг, принцот Филип. Сепак, ова лето, многу членови на кралското семејство се собраа за прв пат во  Балморал замокот, да го поминат заеднички одморот, а кога одморот ќе заврши во втората половина на месецот, 94-годишната Елизабета се враќа во Бакингемската палата и продолжува со јавните кралски должности, изјави портпаролот на Бакингемската палата. Ова значи дека кралицата свесно одлучила да се изложи на ризик од инфекција со коронавирусот, што може да биде фатално за неа.

Портпаролот истакна дека кралицата сепак ќе го ограничи бројот на нејзините должности и публика, како и тоа дека строго ќе ги следи епидемиолошките правила, со цел да се намали ризикот од инфекција на минимум. Кралицата и принцот Филип исто така, водеа грижа за ова, кога заминаа на одмор во Бламорал, а наводно биле придружувани од многу повеќе вработени отколку на претходните летувања, за да се намали можноста тие да стапат во контакт со вирусот.

Кралицата планира да се врати да живее во замокот Виндзор во октомври, а ќе ја користи Бакингемската палата за да прима гости и да одржува јавни настани. За потсетување, кралицата ги покани принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во Балморал во март, но тие не одговорија. Британските медиуми пишуваа дека Хари сакал да го види кралското семејство, кое не го видел шест месеци поради пандемијата, но Меган, наводно, немала слух за тоа, со што го направи многу тажен.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести