8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДОПРВА ЌЕ ИМА МРТВИ Ужас во Калифорнија, апокалиптични сцени од кои застанува здив (фото)

Вистински размери од досегашното уништување неможно е да се измерат во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, кој го “пресекол“пламениот ѕид.

Пожарникарите се борат со незапамтени пожари на западниот брег на САД,од кои настрадале најмалку 16 животи и принудиле повеќе од половина милион други да ги напуштат домовите, а одговорните предупредиле дека во наредните денови ќе има уште жртви.

Од понеделникот 11 лица починале од пожар во Калифорнија, додека четири лица загинале во Оригон, како и едногодишно дете во државата Орегон.

Вистинските размери неможно е да се измерат во распространетите делови на Калифорнија, Орегон и Вашингтон кои се отсечени од светот со апокалиптичен ѕид од пламен, рекорден бран на топлина и интензивни, суви ветрови.

Пожарот во четвртокот станал најголем кој е забележан во историјата на Калифорнија, откако се “здружиле“ повеќе пожари на северозапад на државата комбинирани со високи температури и ветрови, кои разориле 746.000 хектари сува вегетација

Досега изгореле повеќе од 2,6 милиони хектари во целата држава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести