15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ: Корона вирусот е дело на ВОНЗЕМЈАНИТЕ!

Во морето на необични и чудни теории за потеклото на новиот вирус, се најде и една во која се сугерира дека Ковид-19 „дошол“ од вселената.

Останатите теории во однос на оваа звучат здодевно, пишува порталот „Discover Мagazine, кој пренесува делови од истражувањето на група научници, предводени од Едвард Стил и Налин Чандр Викрамасинг.

Професорот Викрамасинг, инаку, е познат по својата работа на теоријата за панспермија, која тврди дека животот во форма на микроби има космичко потекло.

Оваа група научници веќе објави 10 труда за вирусот корона, а во еден од нив, објавен во средината на јули, се сугерира дека Ковид-19 го „донел“ метеор што експлодирал над кинескиот град Сонгјуан на 11 октомври минатата година.

Тие сметаат дека метеорот, кој бил забележан на 2 000 километри од Вухан, каде што е регистриран првиот случај на корона вирус, испуштил „честички на вирусот“.

Порталот „Discover Magazine“ напоменува дека засега нема цврсти докази за оваа теорија, ниту за наводите дека во вселената постојат вируси и бактерии.

Му се заканува ли на човештвото смртоносен вирус од вселената?

Исто така, се потсетува дека теоријата за панспермија не е ништо ново и дека со неа се занимавале и во древна Грција, а неодамна и астрономите, вклучувајќи го и Фред Хојл, кој почина во 2001 година, и професорот Викрамасинг.

Викрамасинг, доктор по математика по потекло од Шри Ланка, е пензиониран професор на повеќе универзитети, вклучувајќи ги Кембриџ и Кардиф, каде се бавел со астрономија, математика и математичка физика.

Познато е дека тој и претходно изнесувал најразлични теории, дека длабоките соларни минимуми се совпаѓаат со пандемиите во минатото.

„Мислам дека вирусот дошол во облак од кометна прашина, кој се наталожил во стратосферата над Вухан, каде што се случија првите случаи на инфекцијата. Потоа се распрснал низ стратосферските ветрови до Иран, Италија и на други места во северната географска ширина. Штом вирусот слетал на Земјата, тој почнал да се шири преку човечки контакт, а сегашните ограничувања го намалуваат неговото ширење. Но врнежите од небото не можат да се спречат со такви мерки“, изјавил Викрамасинг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести