Претседателот на Србија Александар Вучиќ, после состанокот во Вашингтон, ги информирал странските партнери за постигнатиот договор, посебно за договорот за нормализација на економските односи Белград Приштина, кои според некои ги довеле во прашања досегашните економски и политички односи со Русијаи Кина, но и со ЕУ.
Вучиќ денес разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со амбасадорите на Вишегратската група – Чешка Полска, Словачка и Унгарија, а за утре најавен е разговор и со амбасадрото на Кина Чен Бо.
Во разговорот со Путин, прв после потпишување на договорт во Вашингтон како што е пренесено во соопштението потврдено е искрено пријателство и соработка на Србија и Русија базирана на меѓусебна доверба. Вучиќ во тој разговор, каде што го информирал својот руски колега за разговорите во САД и седиштето во ЕУ, порачал дека Србија е воено неутрална земја, и дека без обзир на тежината и сложеноста на својата геополитика, војно-безбедносно и економска позиција ќе штити принципи на воена неутралност и ќе остане вистински и коректен партнер на Руската Федерација.
Претседателот Путин возвратил порака во која Русија ќе и пружи политичка подршка на Србија и нејзините напори за зачувување на територијалниот интегритет и дека своите надворенополитички акции ќе ги координира со Србија со зел заштита на меѓународниот јавен-правен поредок.
За најважните точки за договорот во Вашингтон во тек на изминатите рунди дијалог во Брисел претседателот разговарал со амбасадорите на Вишегратската група во кои ја нагласил клучната улога на ЕУ во посредување во дијалогот меѓу Белград и Приштина како и тоа дека Србија е подготвена активно да учествува во преговорите.
– Договор во Вашингтон е постигнат со цел нормализирање на економските односи со Приштина кои треба да донесат економски просперитет, но и за подобар живот на српскиот и албанскиот народ – објаснил Вучиќ во текот на разговорот.
Тој и овој пат нагласил дека Србија посебно го цени пристапот на Вишегратската група во регионот на западен Балкан, имајќи ја во предвид дека оваа тема за Србија е една од приоритетите.