21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ОД НЕБОТО ПАЃАА ТЕЛА: Ова е најголемата авионска несреќа над Југославија (ВИДЕО)

Во најголемата воздухопловна несреќа во Југославија, поточно во Хрватска во 1976 година загинаа 176 луѓе, а ниту еден не остана жив.

Имено на денешен ден се судрија авион на Бритиш Ервејс и југословенскиот авион ДЦ-9.

Глетката била апокалиптична раскажуваат сведоците, а делови од авионите гореле уше додека паѓале кон земјата.

Од небото паѓаа тела и куфери, се потсетуваат сведоците за хрватскиот портал 24 часа.

-Бев во домот кога нешто почна да паѓа по кровот. Излегов да видам што е, видов лименки од пиво, а потоа и куфери на секаде во дворот. Во еден момент падна и тело на маж без раце и нозе, а малку подолу падна и тело на девојче од 5,6 години, се потсетува Ивка Фабијанац од селото Гаја.

Најголемата несреќа во Хрватска инаку се случила на денеш ден 10 септември 1976-та година во 11:15 часот на 10 илјади метри над земјата и на само 40 километри од Загреб.

Се судриле авион на Бритиш Ервејс кој летал од Лондон кон Истанбул и Доглас ДЦ-9 во сопственост на југословенската компанија Инех Адриа кој летал од Сплит кон Бон.

Првиот авион пренесувал 54 патника и девет членови на екипажот, а другиот 108 патника и пет членови на екипажот.

Луѓето кои работеле на полињата тој ден биле сведоци на ужасната трагедија и веднаш се обиделе да ги спасат патниците, но безуспешно извлекувале само мртви тела од авионите.

За несреќата била виновна контролата за летање во Загреб како и контролорот на летање кој работел три дена без престан во смени од по 12 часа.

Авионите биле целосно исправни при несреќата, а експертите утврдиле дека несреќата би се избегнала само за три стотинки од секундата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести