Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ и неговата свршеница Софија Милошевиќ добија син!
Српската манекенка се породи денес и на свет донесе момче, а напаѓачот на Реал Мадрид веднаш се пофали на Инстаграм.
– Нашето момче пристигна – напиша фудбалерот.
Да потсетиме, Јовиќ и неговата поранешна девојка Анѓела Маниташевиќ веќе го имаат синот Дејвид, додека ова е прво дете на Софија.

