8.8 C
Skopje
среда, март 6, 2024

ИЗБОРНА ИЗМАМА СО ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ: Префрлани десетици илјади евра на непознати сајтови!

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање за парламентарните избори.

Според фактурата што ни беше доставена порталите lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk инкасирале 1 233 690 денари или околу 20 000 евра, пари од буџетот.

Кои се придобивките за ВМРО-ДПМНЕ од платеното политичко рекламирање на lady.mk или srekja.mk е тешко да се процени, но едниот портал добил 3 000 , а другиот 2 000 евра. Останува отворено прашањето и зошто одлучила партијата да се рекламира токму на овие, а не на некој други портали.

Според проверките преку google, сајтот srekja.mk има по 2 500 кликови дневно, што е премалку, но затоа нуди „среќен“ маркетинг, иако нема никаков импресум.

Слична е состојбата и со lady.mk , па останува дилемата каков одзив очекувала партијата кај гласачите преку скапото рекламирање на овие сајтови и дали проценката на ВМРО-ДПМНЕ била дека парите не можеле да бидат подобро истрошени на ниту едно друго место.

Никаде на овие сајтови нема трага дали е објавена реклама на ВМРО-ДПМНЕ , колку рекламни банери се објавени , по која цена и колку време траеле, но тоа би требало да биде предмет на интерес на државните институции со оглед на фактот дека истите се платени со пари од граѓаните

Фирмата „Некст левел солушнс дооел Скопје“ од граѓаните, преку ВМРО-ДПМНЕ добила скоро 12000 евра, а како нејзин управител се јавува лице за кое постојат информации дека е блиско до раководството на партијата.

Инаку фирмата фигурира како сопственик на порталот makpress.mk, а управителот Душан Бекриќ бил вработен и во Министерството за одбрана, близок на Сашо Стефановски, кој пак е во блиски релации со потпретседателот Александар Николоски

Уште поеклатантен пример како партијата се расфрлала со парите на граѓаните е случајот со извесен сајт times.com.mk. Постојат индиции дека сајтот е креиран токму пред избори за да се исцица поголема сума на пари од буџетот. Сајтот е регистриран од МЕДИА КОМ ДООЕЛ СКОПЈЕ на 21.05.2020 година.

Согласно Изборниот законик , државата со пари од граѓаните ги покрива трошоците на партиите за предизборно рекламирање на порталите. Единственото ограничување кое го договорија партиите беше дека не смее да се одвојат повеќе од 15 000 евра без ДДВ од интернет портал.

Ваквото широко овластување кое го имаат партиите, остава простор за формирање на нови портали кои навреме би пријавиле ценовник за изборно рекламирање и би добиле солидни пари без разлика на критериумите, а конкретниов случај покажува дека ВМРО-ДПМНЕ била прилично дарежлива со парите од буџетот. Според објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање на порталите истрошила 272 000 евра буџетски средства (извор ИРЛ) што е за четири пати повеќе од средствата кои ги потрошила Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Со оглед на изборниот резултат, ревизијата на државните органи треба да каже дали буџетските средства биле целисходно истрошени или станува збор за некаква измама или злоупотреба на можностите кои ги дава Изборниот закон.

Доколку средствата биле злоупотребени, тогаш на инволвираните им се закануваат сериозни санкции. Имено за кривично дело Измама, законот запретува казна затвор до три години. Во членот 247 се вели „Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување на факти или со прикривање факти ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на свој или туѓ имот, ќе се казни со парична казна илисо затвор до три години“.

Уште посериозни казни се запретени во членот 353 доколку се утврди дека постоела злоупотреба на службената положба и овластувањата. Законот предвидува казни од најмалку пет години, доколку станува збор за средства од буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна побара ослободување од партиципиација на редовните студенти и бесплатна храна во училиштата, па малку е збунувачки тоа што партијата јавно промовира едни мерки, а всушност проценила дека е поголем приоритет да се исплаќаат милионски суми на портали каде што не се знае дали воопшто има вработено новинари.

Останува државните органи да проверат дали навистина ВМРО-ДПМНЕ се рекламирала на овие портали , а за ефектите од одлуките на раководството каде да се рекламираат и за колку пари ќе цени и јавноста и членството.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести