Христијан Мицкоски денес го именуваше Александар Пандов за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут кој стапи во сила од неодамна. Пандов е екс пратеник од Вмро Дпмне и често присутен на телевизиските емисии како аналитичар.
Пандов во 2019 година за претседателските избори му предвиде на Мицкоски историски најслаб резултат, додека во предизборието за парламентарните избори годинава со нагла промена на ставовите стана жесток поддржувач на политиките на Мицкоски.

Останува да видиме како “слугата на Заев”, како што Мицкоски го нарекуваше Пандов, ќе биде прифатен од членовите на Вмро Дпмне, поготово од патриотското крило со кое сега треба да раководи токму Пандов.

